Католички свештеник предизвика згрозување во Франција, поради сугестиите дека децата жртви на сексуални злоупотреби внатре во Католичката црква, можеби всушност барале нежност.
83-годишниот Алан де ла Морандес, поттикна бурна расправа на социјалните мрежи со своите коментари на телевизиска емисија во програмата „Ла Шен инфо“.
Pédophilie dans l'Eglise : "Ce sont les enfants qui cherchent la tendresse d’un homme ou d’une femme"
🤮On pense qu'il faut vraiment, mais VRAIMENT, ne plus inviter l'Abbé de La Morandais 😒 pic.twitter.com/k6sAMK3EjD
— Quotidien (@Qofficiel) March 18, 2019
На дискусијата во емисијата, се расправало за злоупотреби во црквата и неодамнешната пресуда на кардиналот Филип Барбарин, поради сокривање на сексуални злоупотреби на деца од страна на свештеници. Барбарин ја достави оставката до папата Франциск, но тој се уште не ја прифатил, наводно поради понатамошни правни процеси.
На прашањето што би можело да се направи за да се спречи педофилијата во црквите, свештеникот рекол:
„Бискупоте одлучија дека ќе воведат мерки за превенција. Но како можеме тоа да го спречиме? Не знам. Педофилијата е психо-научна енигма, која за мене повлекува многу прашања. Секогаш имаме впечаток дека тоа е силување, дека е насилство. Но јас не мислам дека е секогаш така. Според тоа што го слушнав, детето инстиктивно бара нежност од маж или жена… а често тоа се деца на кои им недостасува нежност (во нивниот живот)“.
Водителката на тоа искоментирала дека одговорноста е кај возрасните и дека тие треба да ја постават границата. На што свештеникот имал неверојатен одговор.
„Секако. Но детето ќе бара нежност. Сите видовте дека детето може да дојде и да ве бакне во уста“.