Во пожар во селото Дабиле, што избувна синоќа околу 20:30 часот, изгореа штала со добиток и машини, покрив од куќа и помошна просторија.
Според командирот на Територијалната противпожарна единица во Струмица, Александар Гудев, во гаснењето на пожарот учествувале три противпожарни возила со 12 пожарникари.
– Пожарот е изгаснат околу 22:30 часот и не е дозволено да се прошири на други објекти во соседството. Дел од опожарениот покрив паднал во спалната и детската соба, но жртви и повредени нема, изјави Гудев.
Заради безбедност било исклучено напојувањето со струја во делот на селото каде горело, а причините за пожарот ќе се утврдуваат.