Општина Кисела Вода и ЈП „Комунална хигиена” во четврток и петок кабаст отпад и електронска опрема ќе собираат во УЗ Драчево, МЗ Драчево и МЗ Подстаница.
Во истите урбани заедници, Општината ќе спроведе акција за расчистување на сметот на јавните површини кои се во нејзина надлежност. Во исто време ќе се средуваат детските игралишта, а ќе се кастрат и исушените гранки на дрвјата и грмушките.
Локалната самоуправа апелира до граѓаните кабастиот отпад да го одложуваат до 11:00 часот пред своите домови, на улиците, но пред се потребно е да се внимава истиот да не го попречува движењето на возилата и пешаците. После опредленото време и датум забрането е одлагање на отпад.
Минатата седмица во Црниче и Пржино собрани беа 7 тони кабаст отпад.