Индискиот премиер Нарендра Моди рече дека Индија денеска го сруши сателитот во вселената со антисателитски проектил, што го поздрави како голем успех во националната вселенска програма.
Моди ја објави веста во телевизиско обраќање кон нацијата. Тој рече дека Индија ќе биде четврта земја која користи такво антисателитско оружје, по САД, Русија и Кина.
Таквите способности на користење оружје во универзумот предизвикаа страв од вселенски војни и трка во вселенското вооружување меѓу големите сили.
„Нашите научници уништија активен сателит оддалечен 300 километри во универзумот, на ниската орбита на Земјата”, рече Моди и тоа го поздрави како историски потфат.
„Индија денес оствари досега невидено достигнување”, рече Моди. „Индија го напиша своето име меѓу вселенските сили”.