Венецуела очекува наскоро да стигне испорака со хуманитарна помош од Русија, изјави претседателот Николас Мадуро, за рускиот „Канал 1“ и додаде дека пред две недели прва хуманитарна помош мерена во тони, стигнала во земјата.
„Наскоро очекуваме уште една испорака со лекови. Пченица, која ја користиме за правење леб, доаѓа од Русија“ рекол Мадуро.
Владата на Мадуро повика на смиреност откако милиони Венецуелци повторно останаа без електрична енергија.