НАТО ги зголемува своите извидувачки активности во близина на руските граници, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи, Александар Грушко, за „Спутник“.
„Под изговор на митска руска закана, НАТО го зголемува своето присуство во Источна Европа, го зајакнува присуството во регионот на Црното Море и ги засилува активностите за разузнавање долж границите на Русија”, рече Грушко во Москва.
Тој додаде дека политиките на НАТО негативно влијаат на стабилноста во целиот евроатлантски регион.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека Москва смета оти политиката на проширување во Европа е остаток од Студената војна, погрешна и деструктивна воена и политичка стратегија.
Според официјалниот весник на руските вооружени сили „Краснаја ѕвезда”, најмалку 21 странски извиднички авион биле откриени од страна на Русија во близина на нејзиниот воздушен простор во текот на само една недела во март.