Обвинителот во Каталонија ќе го испитува Тора поради непослушност

Обвинителот во северниот шпански регион Каталонија денеска изјави дека ќе го испитува каталонскиот водач Квим Тора поради непослушност, бидејќи не ги отстрани симболите на независност на регионалните владини згради.

Шпанскиот изборен одбор му нареди на Тора да ги отстрани симболите поставени за регионалните политичари на кои им се суди за нивните улоги во референдумот за независност во 2017 година, за кои тој тврди дека се политичка пропаганда пред изборите на 28 април, објави Ројтерс.

Тора може да биде отстранет од функцијата до две години ако биде прогласен за виновен бидејќи не ја почитувал наредбата  да ги  отстрани предметите  како што се знамето на независност и жолтите ленти на владините згради во временскиот период што го определил одборот

Треба да знаете
Последни објави