Светскиот првак со Франција Пол Погба, сериозно ја разгледува можноста да го напушти Манчестер Јунајтед следното лето. Неговиот агент – Мино Раиола, веќе ги испитува сите можности и клубовите кои имаат интерес за играчот за врска.
Еден од главните кандидати е Реал Мадрид, а според италијанското издание „Тутоспорт”, Раиола имал разговор со претставниците на „белите”. Тој разговарал за финансиските барања, кои ги ма Погба, за да се согласи да потпише со клубот.
Раиола објавил дека Погба сака плата од 16 милиони евра за сезона, што може да го претвори во најскапиот играч во Реал Мадрид. Во моментов Герет Бејл добива плата од 14 милиони евра годишно, а Серхио Рамос заработува по 11 милиони евра.
Инаку веста за можен трансфер се појави неколку дена откако Погба рече дека Реал Мадрид е сон на секој фудбалер.