Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, треба да ги прими клучевите од градот на 20 април на свечената академија по повод Денот на градот Нови Пазар, дознава Танјуг.
Според Мирсад Јусуфовиќ, член на градскиот совет, општинскиот совет на СДП во Градското собрание предложи, поради сето она што го сторила по терористичкиот напад врз џамијата во Крајстчерч, во Нов Зеланд, премиерката Ардерн да ги добие клучевите на градот.