Поради пожар во трафостаницата, поголемиот дел од градот Форт Лодердејл во американската држава Флорида остана навечер без електрична енергија, велат официјалните претставници на компанијата за енергија Florida Power & Light.
Речиси 32.000 приватни и деловни објекти во округот Бревард беа во мрак веднаш по избувнувањето на пожарот.
Портпаролката на компанијата Крис Мекграт рече дека 22.000 луѓе биле без струја во Форт Лодердејл, или, според некои извори, поголемиот дел од градот северно од Мајами.
„Ние сме свесни дека дојде до прекин во снабдувањето и пожар во трафостаницата на Форт Лодердејл”, рече Мекграт. „Тимовите се на теренот и работат на враќање на безбедноста на снабдувањето што е можно побрзо”, додаде тој.
Уште нема извештаи за повредени.