Актерот Мајкл Мадсен беше уапсен поради возење под дејство на алкохол, откако го удри својот лендровер.
Ѕвездата на многу филмови на Квентин Тарантин, вклучувајќи ги и „Улични кучиња”, „Убиј го Бил” и други, го возеше својот автомобил под дејство на алкохол и удри во столб покрај патот, објавија светските медиуми.
Актерот (61) не е повреден, но имал 0,10 промили алкохол, а дозволената граница во Калифорнија е 0,08, па затоа е уапсен и одведен во затвор.
Медсен и порано бил уапсен за пијано возење, а исто така бил и на лекување од алкохолизам.