Денес во просториите на Општина Кисела Вода ученици од ООУ „Св. Климент Охридски” од село Драчево остварија едукативна средба со градоначалникот Филип Темелковски.
Градоначалникот Филип Темелковски заедно со секретарот, Александар Алексовски и претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ ги запознаа учениците со функционирањето на локалната самоуправа.
Децата имаа можност од градоначалникот да добијат одговори на нивните прашања, како и да ги посочат и недостатоците во нивното училиште. Градоначалникот Темелковски вети изнаоѓање на решенија за посочените проблеми.
На крајот Темелковски ги покани учениците на повторна средба во Општината и кажа дека во периодот што следува ќе го посети нивното училиште.