Неуспехот на механизмот за обезбедување европска стабилност предизвика нови судири во Европа, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи, Александар Грушко, на конференцијата „ОБСЕ: изгледите за паневропска и евроазиска безбедност и соработка“ во Москва, пренесува ТАСС.
„Тешко е да се спори со фактот дека паневропскиот проект, како што беше предвиден во доцните 1980-ти и почетокот на 1990-тите, не успеа да се претвори во реалност. Европските алатки за стабилност на континентот се покажаа неефикасни. Овој факт ги влоши старите конфликти и отстапи простор за нови кризи “, објасни тој.
„Конфликтите остануваат нерешени, терористичката закана не се намали, а проблемот со неконтролираните миграциски бранови продолжува додека јазот од нееднаквата распределба на богатството меѓу земјите се проширува и продолжува да се засилува борбата за контрола над ресурсите и за пристапот до пазарот“, истакна Грушко.
Според него, кризата во довербтаа се повеќе станува проблем за Европа.
„Стереотипите од Студената војна тешко умираат, нагласи тој”.