Детски културен центар „Карпош“ и Град Скопје на 1 Април од 11.00 до 16.00 часот на плоштад Македонија, организира детска журка, Априлијада – „Скопје се смее“, за сите училишта, градинки, деца, тинејџери и граѓани на град Скопје.
Забава со маски, песнички, игри, забава со модерен балет и останатите секции на ДКЦ „КАРПОШ“, Златно славејче, танцови групи од основните училишта, фотографирање на голем фото ѕид заедно со супер хероите: Спајдермен, Ајронмен, Супермен,Бетмен. Ќе се користи хаштаг за инстаграм албум #aprilijada. Многу насмевки за децата и музички дел со мото од дете за дете.
Учество ќе земат и децата кои ги освоија нашите срца, а освојуваат и многубројни награди и врвни признанија во својата категорија, а тоа се децата со Даунов синдром од „Трисомија21“.
Оваа година Плоштадот ќе биде поделен во неколку зони каде ќе има нај различни активности за посетителите.
Манифестацијата АПРИЛИЈАДА – „Скопје се смее“ е поддржана од Град Скопје и Градоначалникот Шилегов.
ДКЦ „Карпош„ како и секоја година објавува конкурси до основните училишта за најдобра маска и карикатура, за кои следуваат дипломи кои ќе се доделуваат на самата манифестација.
Бонус забава од 16.00 до 19.00 исто така на Плоштад Македонија со малдите таленти: Мина Блажев, Елита Зибери и Лина Пејовска, како и музичките уметници: Александар Митевски, Арбен Бени Шаќири и музичкото училиште „Mјузик хаус“. Забавата продолжува со Ди-џеј Ампов за сите „големи деца“ од 17.00 часот на Плоштад Македонија. Водител на забавата ќе биде Мартин Трпчевски.