Скопјанец бил удрен со комби, па бил претепан од лицата кои го прегазиле, вчера во населбата Шуто Оризари, информираше МВР.
Ицидентот се случил околу 11 часот на улицата Гвадалахара. Тогаш Е.Б.(27), додека се движел по улицата бил удрен од комби. Веднаш потоа од возилото излегол возачот Е.Г. и сопатниците И.Г.и К.Г. кои почнале да го тепаат Е.Б..
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.