Две деца биле повредени откако автомобилот во кој се возеле излетал од патот, вчера во Битолска, информираше МВР.
Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила вчера околу 11.24 часот на патот Вашарејца-Бучин, пред село Трновци.
Тогаш А.А.(28) од Прилеп, управувајќи автомобил „Застава-128“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.
Притоа, повредени се две деца на возраст од две и три години. Тие биле пренесени во Клиничката болница Битола каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.