Кошаркарите на КК „Ангели” од Кисела Вода на домашен терен ја надиграа екипата на „ТНТ – Ѓорче Петров”, со резултат 90:71.
Со оваа убедлива победа „Ангели” се задржаа на првото место на табелата во втората сениорска лига. Најефикасен играч за клубот од Кисела Вода беше Христијан Ристов со постигнати 28 поени.
Екипата на „Ангели” следниот натпревар го игра против КК „Спорт тим – Неготино”.