Членовите на граничната полиција на БиХ го спречија криумчарењето на 23 лица од афро-азиско потекло во општината Угљевик.
Тие беа откриени во комбе со босански обележја, без лични документи, а во разговорот рекоа дека се од Пакистан, пренесува „Фена“.
Двајца граѓани на БиХ се осомничени за овој обид за криумчарење.