Тракторист е тешко повреден вчера кај Свети Николе, информираше МВР.
-На 26.03.2019 година околу 9.30 часот пријавено е дека В.Б.(63) од беровското село Русиново, бил тешко повреден додека со трактор извршувал земјоделски работи на ниви сопственост на ,,Лозарство Зегин“ во село Сарамзалино, светиниколско.
Тој со возило на Итна медицинска помош Свети Николе бил пренесен во Клинички центар ,,Мајка Тереза“-Скопје.