Раководството на УЕФА и дел од најголемите фудбалски клубови во Европа покренаа иницијатива за воведување на таван на цените на билетите за гостински навивачи во европските клубски турнири.
Повод за ова е спорот меѓу Манчестер Јунајтед и Барселона во врска со цените на билетите на двата четвртфинални дуели помеѓу двата тима во Лигата на Шампионите.
Барселона објави цена од 102 фунти за навивачите на „црвените ѓаволи” на „Камп Ноу”. Сепак, реакцијата на англискиот клуб не задоцни. Од Јунајтед пак објавија дека исто така ќе ги зголемат цените за шпанските фанови на „Олд Трафорд”, а со дел од сумата ќе бидат субвенционирани приврзаниците на тимот, кои решиле да патуваат до Барселона, за да ги поддржат своите миленици.
Пред една недела, Ливерпул и Порто успеаја да договорат по ниски цени за своите навивачи. Португалците ја намалија цената за гостинските навивачи од 73 до 52 фунти.
Се очекува предлогот за таван на цените да се гласа во мај.
Во Англија веќе постои слична практика, откако цените на билетите за гостинските навивачи се во износ од 30 фунти.