Албанскиот парламент денеска ќе одржи пленарна седница, а во исто време, обединетата опозиција ќе продолжи со протестите пред албанскиот законодавен дом.
Според најавите, седницата на албанскиот парламент започнува во 10 часот, а протестот половина час порано.
Од 16 февруари, обединетата албанска опозиција одржа шест големи протести пред владата и парламентот, барајќи оставка од премиерот Еди Рама, формирање на преодна влада и предвремени парламентарни избори.
Исто така, опозицијата закажа масовни протести за 13 април пред албанската влада, но, исто така, ќе протестира пред парламентот кога се одржуваат седниците.
Последниот протест од страна на албанската обединета опозиција се случи на 21 март пред зградата на албанскиот парламент, а подоцна и пред полициската дирекција во Тирана.
Протестите пред парламентот се одржаа во напната атмосфера, на полицијата беа фрлени димни бомби и камења, имаше обиди за насилно влегување во зградата на Парламентот, како и употреба на солзавец и водени топови од страна на полицијата.