Анѓушев: Раст на нето платата, намалување на невработеноста, поголем раст на БДП
Растот на нето платата, намалување на невработеноста, поголем раст на БДП и намалување инфлацијата а пораст е стандардот се економските показатели што се случија измината година и што останаа во сенка на важните политички случувања.
Овие работи го потенцира вицепремиерот Кочо Анѓушев во вечерашната емисија Студио 1 на 1 ТВ.
„Нето платите се зголемија за 50 евра во една година. Тоа се статистиките од кои не се бега. Но дали е тоа доволно и дали е доволна материјалиација на она што го очекуваат граѓаните? Веројатно не, затоа што со пораст на нето платата од 50 евра на годишно ниво не е доволно за Македонија преку ноќ да ја направи Швајцарија. Но дефинитивно тоа е зголемување од 5 односно 6 проценти, и тоа сигурно е повеќе отколку инфлацијата во минатата година и значи дека стандардот расте.
– Факт е дека платите растат, факт е дека невработеноста се намалува, факт е дека невработеноста падна од тоа што мислиме дека се луѓе во државата а тоа е големо прашање што пописот ќе ни го покаже.
Имаме 19,4 отсто невработеност а она што е најважно и што мене најмногу ме охрабрува е што странските инвестиции во минатата година достигнаа 624 милиони евра“, објасни Аншушев.
Многу од актуелните економските случувања во земјата не им се познати на јавноста заради преокупираноста и големата медиумска експлоатираност на политичките прашања како влезот во НАТО, Преспанскиот договор и почетокот на договори со ЕУ и слично, потенцираше вицепремиерот.
„Многу работи беа завршени, но медиумски не беа доволно експлоатирани. Само некои и е донесувањето на Законот за финансиска поддршка којшто даде резултат, индустриското производство покажа раст, минатата година имавме сериозно раст, а и оваа година посебно во јануари каде растот е 12% во споредба со минатиот јануари, февруари растот е 7,3% во споредба со февруари 2018 година. БДП којшто го затекнавме со -1,7%, во последниот квартал од мината година достигна 3,7%, и ако земете апсолутно тоа е голема разлика од 5,4 отсто“, рече вицепремиерот.