Жена која не чувствува болка, до 65 години не знаела дека е поинаква од другите

Џо Камерон сфатила дека ѝ гори раката кога почувствувала мирис на изгорено. Таа често си ја горела раката со жешки садови во кујната, но никогаш не чувствувала никаква болка, пренесува Би-би-си.

Тоа се случува бидејќи таа е една од двајца луѓе во светот кои имаат ретка генетска мутација, при што не чувствува никаква болка, никогаш не се вознемирува, ниту се плаши.

Се до нејзините 65 години таа не го знаела тоа, дека е поинаква од другите луѓе. Докторите не можеле да веруваат дека не ѝ требаат таблети против болка по сериозна операција. Таа имала тешка операција на раката, по што докторите ја предупредиле да очекува болки.

Кога таа не почувствувала ништо, анестезиологот ја испратил на испитување на гените за болка на Универзитетот во Лондон и на Оксфорд. По испитувањата, биле откриени генетски мутации, поради што жената не чувствува болки како другите луѓе.

Џо се сетила дека и на пораѓајот пред многу години, немала болки. Сепак, смета дека болката постои со причина и дека таа дава предупредување на луѓето.

Докторите веруваат дека Џо може да оздрави многу побрзо од другите луѓе. Нејзината состојба ја прави заборавена и помалку вознемирена.

Треба да знаете
Последни објави