Што се случи со ноќниот живот во главниот град, зашто Скопје ја нема атмосферата што беше некогаш ?
– Скопје некогаш беше град на дружбата, имаше локал за секоја генерација, секој си го знаеше местото. На оваа тема секогаш имаме разни дилеми, некој велат дека се задоволни а некој го критикуваат. Да направиме разлика од другите градови каде што има од 1 до 2 дискотеки, главниот град е преполн со дискотеки, ноќни барови и кафулиња.
– Ноќниот живот кој некогаш беше атракција во градот полека ја губи атмосферата. Зошто младите се незадоволни од ноќниот живот ? Проблемот е во менаџирањето на локалите и монотонијата која ја чувствува народот. Скопје има многу локали кој работат секој ден од неделата и се слуша секаков вид на музика, турбо фолк, хип хоп, рок, електронската музика итн.
– На некој им е здосадено од места каде што се случуваат тепачки, инциденти, лошата атмосфера и непочитувањето кон гостите. Мажите немаат храброст да пријдат на девојќите бидејќи тие најдрско можат да ги одбијат, па дури и да настане поголем инцидент. Малолетнички кој се маскираат во жени и се журкаат со мажи кој ги зимаат за дружба само за на забава.
– Секој ден од неделата се случуваат истите настани, се повторуваат бендовите, истите луѓе и истата атмосфера. Некогаш во диско се играше, сите беа на нозе, со насмевка, за разлика од денес кои во секоја дискотека се сите укочени.
– На Скопје му треба промена која ќе го оживее народот. Менаџерите да обрнат внимание на познатите диџеј од целиот свет. Скопјани саакат да видат нешто ново, да има место каде што ќе биде пријатно за забава и дружење.