Според информациите од Турција, поточно од Фенербахче, каде со успех настапува македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас, интересот за него станува сè поголем.
Секој ден се појавува нов клуб кој покажува интерес за услугите на тинејџерот кој го привлече вниманието со добрите игри за македонската фудбалска репрезентација.
Шпекулациите се дека Фиорентина е заинтересирана Елмас да го пресели во Фиренца, а наводно првичната понуда е 15 милиони евра.
Фенербахче има лоша сезона, зачинета со финансиски проблеми, па не е чудо да се откажат од талентот за да ја подобрат финансиската состојба.
Последниве неколку дена се појавија информации дека за услугите на Елмас се заинтересирани Кардиф, Лацио, Борусија Дортмунд и уште неколку клубови од Премиерлигата.