Камион се залета во толпа народ во Гватемала, над 30 загинати

Најмалку 30 луѓе се загинати, кога во нив се залетал камион во западна Гватемала, објави Ројтерс. Во инцидентот, повредени се најмалку четворица луѓе, соопштија локалните власти и претседателот на Гватемала, Џими Моралес.

Според информациите, камионот прегазил луѓе кои биле собрани на улица околу една жртва од претходна сообраќајна несреќа.

Во тек е истрага и увид на местото на трагичната несреќа.

Треба да знаете
Последни објави