Тројца кичевци се осомничени дека извршиле повеќе кражби во магацин во Кичево со што се стекнале со противправна имотна корист од 828.580 денари.
Станува збор за М.Н.(21), С.М.(20) и Д.М.(22) против кои е поднесена кривична пријава за кражба.
Кражбите биле извршени во периодот од јануари до март оваа година, во магацин на улица Љубица Богеска во Кичево, пријавените во повеќе наврати, со употреба на сила влегувале и одземале разни предмети, со што се стекнале со противправна имотна корист од 828.580 денари.