Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Б.К.(51) од струшкото село Радолишта, за узурпација на недвижности и за оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости.
Осомничениот на 10 август лани во Струга противправно започнал да изведува градежни работи и узурпирал земјиште во заштитен појас на крајбрежјето на Охридското Езеро, при што, спротивно на Законот за заштита на природата, ангажирал лица за чистење и сечење на трска и затрупување на земјиштето.