„Монсанто“ мора да исплати на клиент 80 милиони долари, зошто придонела за развој на карцином

На компанијата „Монсанто“ ѝ е наредно да му исплати на еден Американец 80 милиони долари отштета, откако судот одлучи дека таа компанија со своите средства за уништување на плевел – „Раундап“, придонела за развој на карцином кај човекот.

Сојузната порота на судот во Сан Франциско, пресуди компанијата „Монсанто“, која лани ја купил германски „Бајер“, дека е виновна бидејќи не го предупредила клиентот на опасност од развој на карцином поврзан со средството „Раундап“.

Минатата недела поротата одлучила дека тоа средство е клучен предизвикувач во развојот на карцином кај Едвин Хардеман од Калифорнија.

Од компанијата велат дека се разочарани од судската одлука и најавија жалба.

Како што се наведува, „Раундап“ содржи глифосат, најчеста состојка во средствата за уништување плевел во светот.

Треба да знаете
Последни објави