Неверството не се простува никогаш, погледнете зашто?

Погледнете ги овие 5 причини:

1. Тоа им дава можност повторно да изневерат

Ако некој ве изневери и ги примите назад, тоа им дава можност повторно да изневерат. Дури иако ги натерате да ветат дека нема да го направат тоа повторно, тие сепак знаат дека дури и да го направат тоа, вие повторно ќе им простите. Сепак, изневериле еднаш и сте им опростиле, зошто нема да го направите тоа два пати?  Не дозволувајте никој да ве користи на таков начин. Ако еднаш простите, не се чудете ако повторно изневерат.

2. Никогаш нема да ја имате истата доверба

Основата на добра врска, меѓу останатото е довербата. Кога некој ќе ве изневери, а вие ќе простите, зарем не верувате дека цело време ќе стравувате дека тоа повторно ќе се случи? Таа мисла секогаш ќе ви биде во задниот дел од главата.

Дури иако се обедувате дека им верувате, тешко дека тоа така ќе биде. Потребно е многу долго време за да можете повторно да ја вратите довербата во врската. Секогаш ќе бидете на штрек, очекувајќи ново неверство и нештата никогаш нема да бидат исти.

3. Тие не ве сакаат искрено

Без разлика колку се убедувате во спротивното, вистината е таа. Темелот на квалитетна врска е почитта – ако некој ве изневери, тоа е еден од најекстремните начини на непочитување. Не можете да сакате некого без да го почитувате.

Ако пак некој искрено ве сака, тие нема да сакаат да бидат со друга личност, дури ни најмалку. Мислата да бидат со некој друг е нешто што тие никогаш нема да си дозволат да го помислат, а уште помалку да го направат. Вие сте нивниот прв и единствен избор, или барем така треба да биде.

4. Знаете дека тие биле интимни со некој друг

Мислата дека личноста која ја љубите е со некој друг, без разлика дали станува збор за бакнеж или секс, може да биде згрозувачка. Тоа е нешто што мора да го сфатите ако простите на неверен партнер, а таа слика секогаш ќе биде во вашата глава. Тоа е ужасна слика од личноста која ја сакате допирајќи се и галејќи се со друга личност. Тоа може да биде необично тешко, особено ако ја знаете личноста со која ве изневериле, или вашиот партнер сѐ уште се гледа со таа личност.

5. Сфатете дека не го заслужувате тоа

Вие во ниеден случај не сте виновни за неверството што ви се случило. Ако веќе помислувате дека е ваша вина, тогаш потребно е да научите да се сакате повеќе и да се цените себеси. Заслужувате многу повеќе од неверен партнер кој не е целосно посветен на вашата врска. Заслужувате да бидете сакани од некој кој никогаш нема да покаже такво непочитување, некому кому можете да му верувате и некој кој нема да застрани од вистинскиот пат.

Личноста со која треба да бидете никогаш нема да ве повреди на таков начин. Можеби е потребно повеќе време додека таа личност се појави, но на крај чекањето секогаш се исплатува. Вие вредите многу повеќе отколку што мислите. Не си дозволувајте да се задоволите со помалку од она што го заслужувате.

Треба да знаете
Последни објави