Жерар Делофеу не успеа минатата сезона да се избори за место во тимот на Барселона, па сега настапува во дресот на англиски Вотфорд.
Делофеу е „производ“ на Каталонците, а во дресот на Барселона дебитираше во 2011-та година. Сепак, од тогаш тој е испраќан на позајмици, а во 2015-та година се пресели во Евертон. Откако беше позајмен на Милан, Барселона потоа одлучи да го врати назад.
Сепак, ниту тогаш Делофеу не успеа да се наметне во тимот на Каталонците, па беше испратен на позајмица во Вотфорд. Англискиот клуб минатото лето го откупи неговиот договор, а Делофеу вели дека никогаш повеќе не сака да се врати во Барселона.
„Не, не размислувам за враќање во Барселона. Не сакам повеќе никогаш да се вратам таму затоа што помина моето време во тој клуб. Не сум разочаран затоа што видов дека тоа не е место за мене и тоа е тоа“, изјави Делофеу.