Осми ден од одбележувањето на Денот на екологијата во Општина Бутел
Денеска, на осмиот ден од одбележувањето на Денот на екологијата, тема беа активностите на учениците од ОУ “Петар Здравковски-Пенко” , со наслов: ХРАНА.
Денешни екомотиватори беа преставникот од Еко здружението ,, Сунелиус и преставник од иницијативата “Банка за храна-Македонија”.
Градоначалникот Велимир Смилевски истакна дека токму преку ваквите настани се разговара отворено со учениците и присутните за многу прашања кои се дел од нашето секојдневие,а се посветени токму на најзначајната тема а тоа екологијата и заштитата на животната средина,и воедно додаде дека ваквите манифестации ќе станат пракса и во иднина се со цел будење на свеста на сите наши сограѓани.
По завршувањето на културно-уметничката програма на која настапија ученици од основното училиште и детската градинка ,,11 Октомври,, беа засадени повеќе видови на цвекиња.