(Видео) Пожар во хотел во Бангладеш, гостите скокаат низ прозорците за да се спасат

Се стравува дека по пожарот што избувна во попладневните часови, неколку луѓе останаа заробени во деловната зграда „ФР кула” во главниот град на Бангладеш, Дака.

Според агенцијата АП, моментално нема информации за точниот број на жртви, иако според некои наводи, повеќе луѓе барајќи спас од огнот, скокнале од високата зграда.

“Ги испративме во различни болници, на самото место има повеќе од десет противпожарни возила”, соопштија од пожарникарската служба.

Пожарникарите во моментов се обидуваат да го угасат огнот, а во спасувачката акција се приклучија и воени хеликоптери.

Треба да знаете
Последни објави