Русин кој се барал од Интрепол-Русија уапсен на Аеродромот во Скопје

Државјанин на Русија кој се барал со меѓународна потерница бил уапсен вчера при пасошка контрола вчера Граничниот премин „Аеродром Скопје“ ,информира МВР.

Според полицијата, вчера при пасошка на Аеродромот во Скопје контрола било констатирано дека С. П.(42) од Русија, со место на живеење во Северен Кипар, се наоѓа на листата за апсење и за него има распишано меѓународна потерница од Интерпол Русија.

Русинот бил уапсен и предаден на понатамошна постапка.

Треба да знаете
Последни објави