Анкети на СДСМ: Пендаровски ќе добие 90.000 гласови повеќе од Силјановска во првиот круг
Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во првиот круг ќе води со предност од 8 до 10 % пред противкандидатката Гордана Силјановска Давкова и во вториот круг ќе влезе со предност од околу 90.000 гласови. Оваа информација ја објави Дојче Веле повикувајќи се на теренските анкети кои биле спроведени по барање на СДСМ, а кои ги добиле од партиски извори.
Според тие истражувања, гласовите на Албанците во првиот круг ќе се поделат помеѓу Пендаровски и Блерим Река, во вториот круг гласачите на Река во најголем број би гласале за Пендаровски, а дел би апстинирале. Околу 80% од гласачите на ДУИ се изјасниле со сигурност ќе гласаат за Пендаровски уште во првиот круг.
Според анкетата која пред неколку дена ја објави телевизија Телма, а спроведена од „М-Проспект“, доколку утре се одржат претседателски избори 25 отсто до граѓаните би гласале за Пендаровски, 22,4 отсто за Силјановска и 10.09 отсто за Блерим Река.