Жител на скопската населба Ѓорче Петров наседнал на измамам од непознато лице кое му понудило да купи огревни дрва.
Според полицијата, И.Н.(64) пријавил дека истиот ден околу 12.30 часот на улицата Ацо Шопов бил измамен од непознато лице. Според пријавата, непознатиот дошол во неговиот двор и му понудил огревни дрва.
Откако се договориле за цената и количината, двајцата тргнале да ги видат и натоварат дрвата. Потоа, според пријавеното, непознатиот го оставил И.Н., со изговор дека треба да се врати по камионот. Но, наместо по камионот отишол во домот на И.Н. и од неговата сопруга зел 12.000 денари и заминал.
Подоцна, И.Н. заклучиле дека бил измамен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.