Денес ООУ „Кирил Пејчиновиќ” од Кисела Вода со фестивал на таленти прослави 74 години од постоењето.

Градоначалникот Филип Темелковски, претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ и секретарот на Општината, Александар Алексовски во училиштето ја проследија богатата забавна програма која учениците  ја подготвија заедно со своите наставници.


Присутните имаа можност во живо да слушнат многу популарни македонски и странски хитови, како и да видат прекрасни ритмички изведби.


Минатата година Општина Кисела Вода во соработка со Цементарница УСЈЕ АД Скопје на училиштето постави нова термоенергетска фасада, а изработени и монтирани беа нови олуци. Локалната самоуправа целосно ја реновираше и училишната спортска сала.

Ви благодарам за соработката, имајте убав ден/претстоен викенд.

Треба да знаете
Последни објави