Уставниот суд на БиХ го оспори Законот за Денот на Република Српска – 9 јануари, врз основа на барање за оценување на уставноста на Денот на РС.
Барањето во јануари минатата година го поднесоа девет бошњачки и хрватски делегати од Народниот совет на Српска.
Претседателот на Уставниот суд на БиХ Златко Кнежевиќ објасни дека барањето на тие делегати е прифатено и Судот ја прогласил за неуставна одредбата за 9 јануари како Ден на Република Српска и ја поништил.
-Следниот ден таа одредба ќе престане да важи, изјави Кнежевиќ.
Тој објасни дека ова практично значи дека Народното Собрание на Република Српска и Владата, како предлагач, ќе мораат да го изменат или дополнат Законот за Денот на Република Српска.
-Како и до кој обем, тоа е на властите на Република Српска, истакна Кнежевиќ.
Република Српска ќе продолжи да го одбележува 9 јануари како Ден на Републиката, нагласи денеска претседателот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик.
Тој смета дека е бесмислено да ги коментира политички мотивираните одлуки на Уставниот суд на Босна и Херцеговина, кои се однесуваат на одбележувањето на Денот на Република Српска.