Израелската армија распореди свои единици долж границата пред утрешните палестински митинзи, со кои ќе се одбележи првата годишнина од „Маршот на враќањето” во Појасот Газа.
Со утрешните планирани протести ќе се прослави и палестинскиот Ден на територијата, кој го одбележува убиството на шестмина арапски Израелци од израелските сили во 1976 година за време на протестите против конфискација на територија.
Во предвечерието на протестите, израелската армија распореди тенкови и оклопни возила долж административната линија. Исто така, ќе се набљудува регионот со балони и поставени снајперисти низ целата зона.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху истакна дека и дал инструкции на војската да се подготви за евентуална „широка операција” во Газа.