Николас Кејџ (55), еден од најпопуларните актери во светот, сосема го смени својот имиџ.
Холивудската ѕвезда веќе неколку месеци има брада и, најверојатно, нема намера да ја избричи.
Последните фотографии на Кејџ со новата девојка, речиси непознатата актерка Ерика Којк, се уште еден доказ за тоа.
Иако официјално не е познато колку години има неговата девојка, странските медиуми шпекулираат дека Николас е 20 години постар од неа, односно Ерика има 35 години.
Според веста на ТМЗ, Николас Кејџ и неговата девојка планираат да се венчаат набргу.