Кристијано Роналдо беше „уловен“ во Барселона каде ќе мине неколку дена од предвидениот период кој треба да го мине во рехабилитација, а португалската ѕвезда која сега настапува за Јувентус стана доста интересна за медиумите со едно видео кое се прошири на социјалните мрежи.
Имено, Роналдо за првпат во својот живот се „запозна“ со гигантската патика на Пау Гасол (број 50), па неговото позирање со истата и зачудувачката реакција брзо ги обиколија социјалните медиуми во Шпанија.