Денеска во просториите на урбаната заедница 11 Октомври – згради во Кисела Вода, градоначалникот Филип Темелковски го означи почетокот на „Шаховски турнир – Кисела Вода 2019″.
Градоначалникот Темелковски во своето обраќање пред натпреварувачите нагласи дека развојот на шахот во Кисела Вода ќе ја има неговата поддршка.
На турнирот се натпреваруваат 8 екипи со по 4 натпреварувачи од урбаните и месните заедници во општината. Екипите составени од по 4 натпреварувачи ќе играат 14 кола по двокружен Бергеров систем. Првопласираните три екипи ќе добијат награди од Општината. По завршувањето на екипниот турнир кој ќе се игра до 17 мај, во текот на истиот месец ќе започне и поединечен турнир.
Шаховскиот турнир се одржува на иницијатива на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски.