Жител од тетовското село Брвеница бил уапсен вчера бидејќи објавил на Фејсбук видео со заканувачка содржина.
Полицијата околу 19.50 часот на улицата Тодор Циповски- Мерџан во Тетово го уапсиле Ж.Г.(46) од село Брвеница кој истиот ден околу 15 часот објавил видео клип со заканувачка содржина.
Ж.Г. бил задржан во ПС Тетово, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.