Абрамс: Вашингтон има листа на можности за да ѝ одговори на Русија

Американскиот државен секретар Мајк Помпео има листа на можности која вклучува и санкции како одговор на присуството на руски трупи во Венецуела.

„Имаме листа на опции кои му ги предложивме на секретарот. Постојат многу работи кои можеме да ги направиме во економска смисла, во смисла на санкции и би било погрешно Русите да мислат дека имаат одврзани раце“ изјави специјалниот претставник на САД за Венецуела, Елиот Абрамс.

Кремељ вчера го одби барањето на американскиот рпетседател Доналд Трамп Русија да се повлече од Венецуела, со објаснување дека руските акции се легални и во согласност со договорот кој Русија го има со легитимната Влада на таа држава.

Треба да знаете
Последни објави