Просечната нето плата расте, a со тоа и пораст на животниот стандард на граѓаните, се намалува невработеноста, расте БДП и се намалува инфлацијата, кои се реални позитивни економските показатели за 2018 година, кои сепак останаа во сенка на важните политички случувања за земјата, рече вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев во емисијата Студио 1 на 1 ТВ со Александар Чомовски.
-Нето платите се зголемија за 50 евра во една година. Тоа се статистиките од кои не се бега. Но, дали е тоа доволно и дали е доволна материјализација на она што го очекуваат граѓаните? Веројатно не, затоа што пораст на нето платата од 50 евра на годишно ниво не е доволно за Македонија преку ноќ да стане Швајцарија. Сепак тоа е зголемување од 5-6 проценти и тоа сигурно е повеќе отколку инфлацијата во минатата година, што значи дека стандардот расте. Факт е дека платите растат, како што е и факт е дека невработеноста се намалува. Имаме 19,4 отсто невработеност, а она што е најважно и што мене најмногу ме охрабрува е што странските инвестиции во минатата година достигнаа 624 милиони евра, рече Анѓушев.