Руските бродови внимателно го следат НАТО, чии три фрегати неодамна преминаа во Црното Море, подготвувајќи се да пловат во близина на Крим и да спроведат заедничка поморска вежба со Украина и со Грузија, пренесува РТ.
Големиот патролен брод „Василиј Биков”, заедно со надзорниот брод „Иван Курс”, од руската Црноморска флота, внимателно го следат движењето на бродовите на НАТО во областа, соопшти руското Министерство за одбрана.
Фотографиите и видеата од Турција претходно покажаа три фрегати на НАТО кои минуваат низ Босфор и влегуваа во Црното Море во четвртокот.
NATO'ya bağlı 3 savaş gemisi İstanbul Boğazından peş peşe geçiş yaptı. Boğaz geçişini tamamlayan gemiler Karadeniz'e açıldı. Gemilerin geçişine sahil güvenlik botları da eşlik etti. pic.twitter.com/gujkqnSquf
— Demirören Haber Ajansı (@dhainternet) March 28, 2019
Претходно истиот ден, командантот на Постојаната поморска група два на НАТО (SNMG2), Будевијн Бутс, потврди дека група бродови биле распоредени во регионот за да учествуваат во вежбата „Морски штит 19″ со грузиските и со украинските сили.
Бродовите – канадскиот ХМЦС „Торонто”, шпанската „Санта Марија” и холандската ХНЛУС „Евертсен” – ќе го посетат украинското пристаниште Одеса, во близина на Крим.