ВМРО-ДПМНЕ ги негираше обвинувањата дека со амандманите за Законот за јавно обвинителство опозицијата практично бара амнестија за сто функционери.
„Апсолутна невистина е дека ВМРО-ДПМНЕ се бори за било каква амнестија додека траат преговорите за Законот за јавно обвинителство. Единствено што се залагаме тоа е заложба за воспоставување на механизми со коишто ќе се добие и спроведе правда во системот во Република Македонија. Јасни ми се овие дезинформации од кај што се поттикнати, тоа ги поттикнува токму власта предводена од Зоран Заев којшто знаете е единствениот аболициран премиер во светот за случај тежок околу 8.5 милиони евра. Понатаму човекот е тој што креираше и спроведе токму една таква селективна амнестија за да му мине капитулацијата којашто нели ја спроведе со промена на името и идентитетот, а зашто не доби поддршка од мнозинството граѓани во Република Македонија, и оттука токму власта е таа којашто е единствен заштитник, промотор и спроведувач на криминалот во оваа држава и селективна правда и амнестија и како и да е понатаму сака да претстави дека се работи за време на овие преговори коишто течат за Законот за јавно обвинителство“, изјави Наум Стоилковски, одговарајќи на новинарско прашање.