Камера која била поставена за истражување на дивиот свет на Аљаска, снимила сурово убиство на мечка и нејзините младенчиња, додека спиеле во зимски сон. Видеото кое е објавено на од страна на властите на Аљаска, на барање на организацијата ,,Хумано општество” (Humane Society) покажува како татко и син, мислејќи дека никој не ги гледа, со скии се приближуваат до засолништето и пукаат во заспаната мечка, додека нејзините младенчиња преплашено врескаат.
Откако го извлекле мртвото тело на мечката, двајцата ,,прославиле” со плескање. ,,Никогаш никој нема да не поврзе со ова”, вели едниот од нив на снимката. По убивањето на мајката, тие ги застрелале и мечињата.
Второто видео кое е снимено го прикажува бруталното дуо – Андреа Ренер и неговиот син Овен, како се враќаат на местото на злосторството по два дена за да отстранат куршумите и телата на мечињата да ги стават во кеси.
Убивањето мечка со младенчиња е нелегално во таа област. Ендрју Ренер за ова убиство е осуден на пет месеци затвор условно и 20.000 долари. Тој исто му е запленето оружјето и возилото кое што го користел. Неговиот син Овен е условно осуден и на добротворна работа. На двајцата им се одземени ловечките дозволи на 10 и на 2 години.
,,Хумано општество” преку Твитер предупредува дека таквата бруталност наскоро би можела да стане нормална појава на Алјаска, бидејќи администрацијата на Трамп вели дека сакаат да ја намалат заштитата на дивиот свет во националните резервати на Алјаска.