Голема акција против криминал во Берлин, стотици полицајци во рација

Полицијата во Берлин синоќа изврши претреси во објекти како што се барови за наргиле, златари и туристички агенции за кои постојат сомнежи дека се поврзани со организиран криминал во главниот град на Германија.

Во полициската рација учествуваа 300 полицајци и обвинители, наведе полицијата и додаде дека досега ова е најголемата операција во Берлин која е спроведена во квартови каде воглавно живеат странци.

Германските политичари неодамна изразија сомнежи дека голем број мигрантски семејства, посебно од арапско и источноевропско потекло се вмешани во шверц со дрога, насилна проституција и други незаконски активности.

Слични операции неодамна беа спроведени во западна и северна Германија.

Треба да знаете
Последни објави