,,Зоран Заев и Али Ахмети веќе договориле фалсификување на пописот во 2020 година за лажно прикажување на Албанците, со цел, да се задоволи потребата на рамковниот договор, кој предвидува македонските Албанци да ги добијат правата само ако учествуваат со над 20 отсто од населението иако албанското малцинство во државата е околу 14 отсто од населението”, соопшти Единствена Македонија.
Според партијата, во денешната изјава вицепремиерот Бујар Османи најави дека пописниот фалсификат ќе се изведе на начин што ќе се попишуваат како жители и Албанците кои не живеат и со години не влегле во Македонија само врз основа на изјава на некој член од семејството иако стандарден европски модел е да се регистрираат сите кои барем во последните 12 месеци влегле во Македонија.
,,Единствена Македонија нема да прифати уште еден фалсификуван попис во 2020, тоа не им го прифаќа и македонскиот народ! Единствена Македонија, исто како и македонскиот народ, секој обид за фалисификување на пописот ќе го смета за авантура и велепредавство спрема Републиката”, се додава во соопштението.